Dusha sto zboruva.

Dusha sto zboruva. Поезија што не се извинува.
Жена што чувствува длабоко и пишува гласно.
✍️ Д. Стратијева
👇 Читај ја најновата ↓

Понекогаш не си заминуваме поради еден момент, туку поради тишината што се собира меѓу тие моменти. Не поради зборот што...
30/04/2026

Понекогаш не си заминуваме поради еден момент, туку поради тишината што се собира меѓу тие моменти. Не поради зборот што бил кажан, туку поради она што постојано се покажувало без да се каже. И колку и да се обидуваш да разбереш, вистината е едноставна: кога нешто те повредува еднаш – боли, но кога се повторува – станува избор дали ќе останеш. А ти не си должна да останеш таму каде што мораш да се убедуваш дека не боли. Затоа што вистинската љубов не те учи да трпиш, туку да се чувствуваш мирно. И кога кафето ќе се олади, останува само едно прашање – дали уште сакаш да седиш на истата маса.

Не секој Велигден се чувствува исто.Некои го дочекуваат со мир,некои со тежина во себе.Ама поентата не е како се чувству...
12/04/2026

Не секој Велигден се чувствува исто.
Некои го дочекуваат со мир,некои со тежина во себе.

Ама поентата не е како се чувствуваш денес.
Поентата е дека после сe,животот продолжува.

Христос воскресе.
Навистина воскресе.

Не затоа што така сакав. Туку затоа што секој пат кога ми требаше некој – на крај морав сама да станам.И научив да не ба...
11/04/2026

Не затоа што така сакав. Туку затоа што секој пат кога ми требаше некој – на крај морав сама да станам.

И научив да не барам. Да не очекувам.
Да не верувам дека некој ќе застане до мене.
Па денес изгледа како да можам се сама.
И можам.

Ама вистината е…
не сакав никогаш да бидам сама во се.
Само немав избор.

#вистина #вистинатаболи

Интересно е колку лесно луѓето ќе те натераат да се намалиш само за да им биде удобно.Ќе почнеш да премолчуваш, да се по...
27/03/2026

Интересно е колку лесно луѓето ќе те натераат да се намалиш само за да им биде удобно.

Ќе почнеш да премолчуваш, да се повлекуваш, да размислуваш два пати пред да кажеш нешто - не затоа што си таква туку затоа што некој не знаел да те прифати како што си.

И во еден момент ќе се фатиш себеси како се прашуваш:
„Дали сум јас премногу… или сум само на погрешно место?“

Понекогаш не ни треба ништо големо за да бидеме добро. Доволно е едно утро, малку светлина, мирис на кафе и момент во ко...
23/03/2026

Понекогаш не ни треба ништо големо за да бидеме добро. Доволно е едно утро, малку светлина, мирис на кафе и момент во кој конечно не брзаш никаде. Таму некаде, меѓу тие ситници, живее вистинската среќа.


☕✨

Не секој ќе разбере зошто некои зборови тежат повеќе од тишина.Зошто некои стихови болат, а некои лечат.Но тие што пишув...
21/03/2026

Не секој ќе разбере зошто некои зборови тежат повеќе од тишина.
Зошто некои стихови болат, а некои лечат.

Но тие што пишуваат знаат.
И тие што преживеале преку зборови знаат уште повеќе.

Поезијата не е украс.
Таа е начин да останеш жив кога нешто во тебе се крши. 🖤

18/03/2026

Јас кратко да ви кажам дека конечно аудио верзијата од книгата „Додека кафето не се излади" е достапна ☺️

Ја снимав сама, и искрено сосема друго чувство е кога се слуша…

Ако некој ја сака, слободно пишете ми во порака 📩

Не мора секогаш да читаш книга. Понекогаш е доволно само да ја слушаш. 🎧Наскоро… „Додека кафето не се излади…“ доаѓа и к...
17/03/2026

Не мора секогаш да читаш книга. Понекогаш е доволно само да ја слушаш. 🎧

Наскоро… „Додека кафето не се излади…“ доаѓа и како аудио книга - со мојот глас. Истите приказни. Истите чувства. Само овој пат - поблиску. 🙂

Дали би ја слушале книгата? ☕ 🎧

Минатото не секогаш останува зад нас. Понекогаш го носиме во реакции, во тишини, во начинот на кој се браниме од нови ра...
14/03/2026

Минатото не секогаш останува зад нас. Понекогаш го носиме во реакции, во тишини, во начинот на кој се браниме од нови разочарувања.

Често е лесно некој да каже „мисли позитивно“ и „оди напред“. Но жената многу често носи работи што никој не ги видел , премолчени зборови, стравови, одговорности што ги презела сама.

Затоа не е секогаш прашање на волја. Понекогаш е прашање на тежина што долго ја носела.

И сепак, чекор по чекор, таа продолжува напред.

Adresse

Bielefeld

Webseite

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von Dusha sto zboruva. erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Service Kontaktieren

Nachricht an Dusha sto zboruva. senden:

Teilen