23/01/2026
🍅🥖 Создадено со мерак, вкусно до последен залак 🍯🥗
Националната федерација на фармери со големо задоволство ве поканува на Саем на македонска традиционална храна, кој ќе се одржи на
📅 7 февруари 2026 (сабота)
📍 Skopje City Mall – приземје
🕙 Време: 10:00 – 20:00 часот
Овој гастрономски настан е посветен на автентичните македонски вкусови и на домашното, локално производство. На едно место ќе имате можност да дегустирате и купите внимателно подготвени традиционални производи од 35 мали земјоделци и производители од различни рурални заедници низ Македонија.
🫙 Ќе ве очекуваат:
лутеници, ајвар, маџун, мед, мармалади, природни сокови, путери, макала, преработки од овошје и зеленчук и многу други домашни специјалитети подготвени според рецепти што со генерации се негуваат во македонските домови.
Овој саем е повеќе од гастрономско уживање – тоа е директна поддршка за малите фармери, промоција на локалната економија и чекор кон здрав и одржлив начин на исхрана. Преку директна средба со производителите ќе ги слушнете и приказните зад секој производ.
Настанот е организиран од Националната федерација на фармери, во соработка со Скопје City Mall, со поддршка од Шведска и We Effect, преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“. We Effect Europe I Embassy of Sweden in Skopje I Sida - Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbete