ФИНИЛ Паркет

ФИНИЛ Паркет ФИНИЛ ПАРКЕТ е продавница за дрвени подови од Скопје која нуди квалитетна услуга, изработка и знаење.

Произвотство на паркет,лајсни и скали(газишта) од хрватски матријал со најевтини цени во градот.

Ако сте заинтересирани за CNC огради, прегради или украси контактирајте со нашите пријатели и тие можат да создадат прек...
25/07/2023

Ако сте заинтересирани за CNC огради, прегради или украси контактирајте со нашите пријатели и тие можат да создадат прекрасен дизајн за вас. ☑️☑️

09/04/2023
06/01/2023

Честит Бадник!

Неколку совети за одржување на дрвениот под без разлика дали се работи за класичен паркет, масивен под или трослојни подови/паркети, основните правила за одржување на дрвените подови се исти. Дрвените подови се исклучително убав, класичен и вреден додаток на секој простор. Сепак, тие бараат посебна грижа за да изгледаат убаво низ години.

-Редовно поминување со правосмукалка.
Се препорачува барем еднаш неделно. Ако во вашето семејство имате мали деца или домашни миленичиња тогаш подобро е тоа да го правите и почесто. Со редовното вакумирање на паркетот се отстранува прашината, влакната и трошките. Ваквата нечистотија може да предизвика мали гребнатини на завршниот слој на паркетот, односно лакот, со текот на времето да изгледа истрошено и да му недостасува сјај.
Важно е да се вакумира со мека четка за да се избегне оштетувањето на лакот или маслото.

-Бришење на паркетот со влажна крпа.
Покрај чистењето со правосмукалка, составен дел од одржувањето е и бришењето на дрвените подови со влажна крпа. Добро познат факт е дека подовите од цврсто дрво мора да бидат заштитени од вода/влага. Поради оваа причина, се препорачува да се користи крпа од микрофибер за бришење на паркетот. Овој тип на материјал задржува помалку вода во споредба со памукот, полесно се цеди, па затоа не треба да предизвика претерано мокрење на подот.

-Внимателно со хемиски сретства.
Кога станува збор за избор на производи за чистење на дрвени подови, секогаш се препорачува да не се користат силни хемикалии бидејќи може да доведат до оштетен лак или масло.
Препорачано сретство за дрвениот под е политура за под/мебел.

-Обновување на стар паркет.
Во зависност од начинот на користење, односно количината на абење, потребно е да се организира професионално одржување на дрвените подови. Во случај на паркет, доколку штетата не е голема, доволно е само да го полирате стариот лак и да нанесете една „рака“ нов, завршен слој. Во случај на поголеми оштетувања и/или распаѓање, потребно е да се иструга паркетот, повторно да се нанесе смесата за фугирање и да се лакираат сите три слоја на лак.

Придржувајќи се до овие едноставни совети, животниот век на дрвените подови се продолжува и им овозможува да изгледаат како нови со години! Можноста за поправка е една од најголемите предности и убавина на масивните дрвени подови.

Класичен дабов паркет со димензија 500/70/22 С Класа во фаза на местење, спремен за брусење и лакирање. ✔️
02/12/2022

Класичен дабов паркет со димензија 500/70/22 С Класа во фаза на местење, спремен за брусење и лакирање. ✔️

Даб паркет 500/70 С Класа 🏡
02/07/2022

Даб паркет 500/70 С Класа 🏡

Даб скали на метална конструкција.
21/10/2021

Даб скали на метална конструкција.

Address

Илинден, Кадино Улица 1
Marino
1041

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 17:00

Telephone

+38975348714

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ФИНИЛ Паркет posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ФИНИЛ Паркет:

Share

Category