21/05/2026
Со голема благодарност и почит ви се обраќаме по повод
пензионирање на нашите племенити колеги Блаже Мицески и Гоце Ѓорѓиоски.
Вашата посветеност, труд и искуство оставија траен белег во
нашата компанија.
Чест и задоволство ни е што бевте дел од Comfy Angel семејството и сите колеги од се срце Ви посакуваме здравје, радост и исполнети денови во новото животно поглавје.
Нека пензионерските години ви донесат мир, задоволство и време за сите убави работи што ги посакувате со вашите семејства.