15/06/2023
Леден чај од бела детелина ☘
Една од омилените активности како деца ни беше барање детелина со 4 листа, верувавме дека ќе ни донесе среќа .
Но што навистина може да ни донесе .
Богата со витамини А, Б2, Б3, Ц и Е, како и магнезиум, калиум, хром и калциум, белата детелина често се користи како природен лек во заедниците ширум светот.
Чајот од бела детелина може да го зајакне имунолошкиот систем и да лекува треска и кашлица. Добар е и за лекување на симптоми на обична настинка, како што се затнат нос и главоболки. Билниот чај од бела детелина може да ги лекува и ревматските болки и болките во зглобовите. Може да се употребува и како антисептик за миење очи при лекување на мали инфекции на очите. Или, листовите може да се нанесат како лапа за заздравување на надворешни рани, изгореници и чиреви.
Се на се големи се придобивките од оваа ☘, затоа во следна прилика направете си леден чај .
Потребни состојки:
• цветови од бела детелина
• вода
• мед или друг засладувач по желба
• лимон по желба
Цветовите од бела детелина ставете ги во сад и прелијте ги со врела вода. Оставете да одстојат половина час. После половина час процедете, засладете со засладувач по ваш избор, додадете коцки мраз и лимон по желба .
На здравје 🫖🍀
#чај #здравје