Atelier Foliage

Atelier Foliage Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Atelier Foliage, Arts & Crafts Store, Skopje.

Креативно студио
• Зачувување на букети во форма на уметничка слика
• Изработка на слики од хербаризирани растенија
• Декоративни производи од самостврднувачка глина

За Моника и Кристијан 💐Краток есеј за букетот:Моника го фрли букетот и свадбата заврши. Но, она што не го очекуваше е да...
12/06/2026

За Моника и Кристијан 💐

Краток есеј за букетот:
Моника го фрли букетот и свадбата заврши. Но, она што не го очекуваше е да го види повторно нејзиниот букет после еден месец, во различна форма. Една од нејзините другарки реши да го донесе кај мене букетот на зачувување, во согласност со девојката која што го фати букетот. Па така, после скоро цел месец, Моника си ја доби сликата од нејзиниот букет, сега веќе хербаризиран и наменет да трае долго и да му се восхитува одново. Реакцијата на Моника беше непроценлива, а исто и радоста на девојката што го фати букетот која што си доби мала слика од него и ќе и остане како спомен.

Ако некој ме праша зошто почнав да го работам ова, ќе му ја раскажам оваа прекрасна емотивна приказна, која е одлика на радоста на малите и едноставни дела кои може да ги направиме едни за други. 🫶

Благодарност до сите кои беа дел од ова изненадување. 🤍💚

Со љубов,
Христина

"Јунска рапсодија" 🌼 Јуни ја носи магијата на растенијата во полн цвет, долгите топли квечерини и бујната зелена природа...
11/06/2026

"Јунска рапсодија" 🌼

Јуни ја носи магијата на растенијата во полн цвет, долгите топли квечерини и бујната зелена природа. 🌿

Слика направена по нарачка на купувач, со сезонски растенија кои цветаат овој период. Рамката е дупло транспарентна во А4 големина.

Искористени растенија: липа, лаванда, детелина, жолта ајдучка трева, ползечко лутиче..

Слика бр.1 од троделна слика - триптих изработена по нарачка.Искористени преку 20 различни видови растенија (цветни и ли...
05/06/2026

Слика бр.1 од троделна слика - триптих изработена по нарачка.

Искористени преку 20 различни видови растенија (цветни и лисни) и залепени преку 300 индивидуални парчиња од нив.

Ми беше навистина интересен и убав предизвик да ја работам оваа слика, но и големо задоволство кога ја завршив и ги ставив трите ви рамка. Благодарност до купувачот за довербата која ја имаше кога ја направи нарачката.

Дел од ботаничките примероци: јаглика, хортензија, качунки, синчец, алпски синчец, ралица, детелина, ползавци и други.

Слика бр.2 од троделна слика - триптих изработена по нарачка.Искористени преку 20 различни видови растенија (цветни и ли...
05/06/2026

Слика бр.2 од троделна слика - триптих изработена по нарачка.

Искористени преку 20 различни видови растенија (цветни и лисни) и залепени преку 300 индивидуални парчиња од нив.

Ми беше навистина интересен и убав предизвик да ја работам оваа слика, но и големо задоволство кога ја завршив и ги ставив трите ви рамка. Благодарност до купувачот за довербата која ја имаше кога ја направи нарачката.

Дел од ботаничките примероци: јаглика, хортензија, качунки, синчец, алпски синчец, ралица, детелина, ползавци и други.

Слика бр.3 од троделна слика - триптих изработена по нарачка.Искористени преку 20 различни видови растенија (цветни и ли...
05/06/2026

Слика бр.3 од троделна слика - триптих изработена по нарачка.

Искористени преку 20 различни видови растенија (цветни и лисни) и залепени преку 300 индивидуални парчиња од нив.

Ми беше навистина интересен и убав предизвик да ја работам оваа слика, но и големо задоволство кога ја завршив и ги ставив трите ви рамка. Благодарност до купувачот за довербата која ја имаше кога ја направи нарачката.

Дел од ботаничките примероци: јаглика, хортензија, качунки, синчец, алпски синчец, ралица, детелина, ползавци и други.

Букетите се носат за искажување емоции, како што се љубов, благодарност, сочувство или честитки - кога зборовите не се д...
28/05/2026

Букетите се носат за искажување емоции, како што се љубов, благодарност, сочувство или честитки - кога зборовите не се доволни. Нивната симболика има корени уште во историјата на традициите за пренесување некаква порака.

Ако сакаш да го зачуваш твојот букет контактирај не' во порака, ќе ти испратиме предлог стилови за зачувување и ценовник.

За Радмила и Драган 🩷💐Овој богат букет ги носи спомените од овековечување на една љубов, денот на свадбата на Радмила и ...
26/05/2026

За Радмила и Драган 🩷💐

Овој богат букет ги носи спомените од овековечување на една љубов, денот на свадбата на Радмила и Драгам. Наместо да заврши во отпад, ќе продолжи да ја раскажува нивната приказна на хартија, во рамка.

Секој цвет и лист од букетот е внимателно хербаризиран, со техниката на пресување на природен начин. Потоа, направена е реконструкција на букетот по самиот негов изглед од слика. Зачувувањето на букет е истовремено и сентиментален и одржлив избор.

Со зачувување на вашиот букет ги зачувувате и моментите поминати со него, вашето засекогаш "ДА", солзите радосници, денот кој посакувате да живеете повторно.🌷

Нека ви е вечна љубовта. 🥂

Слика изработена по нарачка за подарок, со хербаризирани цветови и листови во топли и земјени бои.Сите цветови и листови...
24/05/2026

Слика изработена по нарачка за подарок, со хербаризирани цветови и листови во топли и земјени бои.

Сите цветови и листови се рачно собрани, пресувани, а потоа внимателно поставени на хартија во мозаичен стил, од кој се изработени персонализирани букви.

Не знаевте дека бидермаерот од свадбата може да се зачува како траен спомен? Голема е веројатноста и младоженците да не ...
24/05/2026

Не знаевте дека бидермаерот од свадбата може да се зачува како траен спомен? Голема е веројатноста и младоженците да не знаат за оваа опција, па еве можност да им подарите нешто што ќе биде од големо значење на младиот пар.

Наш предлог - подарете ВАУЧЕР ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА БУКЕТ или КУПОН ЗА ПОПУСТ со што ќе ги запознате со оваа услуга, верувајте дека ќе ви бидат благодарни. 🥰

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Atelier Foliage posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Atelier Foliage:

Share