26/09/2022
Што е бродски под и дали е вистинско решение за вашиот проблем со избор на под 🔎?
Поимот бродски под често пати се користи како синоним за дрвен патос, но се работи за дрвен под кој има поразлични карактеристики и намена од класичниот патос. Бродскиот под потсетува на бродска палуба а истиот е и високо издржлив под разни временски влијанија. Токму затоа најчесто се користи за надвореша употреба како под на тераси, околу базени или во викендици. Обично се користи за покривање на поголеми квадратури, но употреба наоѓа и на помали места. Исто така често се користи и како ѕидна подлога. Основна карактеристика покрај издржливоста е рустикалниот и природен изглед кој се добива во просторот каде се поставува. Местото добива топлина и класика. Бродскиот под може да се постави и во простории во кои има инсталирано подно греење.
Од технички аспект важно е да се нагласи дека бродскиот под се поставува на подконструкција, додека пак даските кои се поставуваат можат да бидат дополнително обработени или лакирани. Се работи за импрегниран дрвен под или импрегнирано дрво што значи дека нема гниење, мувла и слично, а од друга страна пак е едноставен за одржување. Животниот век на дрвото е долг, а е високо отпорно на надворешни влијанија.
Заклучокот е дека бродскиот под е идеален за тераси во кафичи, и тоа за надворешна и внатершна употреба, но и за викендици или куќи чиј ентериер бара класичен, рустикален изглед.