Dekorama

Dekorama Interior design studio creating homes that exceed our clients' expectations. Specializing in custom interiors and personalized designs.

WTF IS BEIGE?Бежот не е мртов.Само веќе не мора да биде стандард или default.Бежот е сигурен, мирен и лесен за комбинира...
23/08/2026

WTF IS BEIGE?

Бежот не е мртов.
Само веќе не мора да биде стандард или default.

Бежот е сигурен, мирен и лесен за комбинирање. Но ентериерот не мора секогаш да игра на сигурно.

Понекогаш една бордо комода или зошто не зелена софа.
Сини плочки.
Жолта. Црвена. Теракота.
Една боја што ќе го разбуди целиот простор.

Боја не значи хаос. Значи карактер.

Ако бојата ви се допаѓа, ама не знаете како да ја внесете дома - тука почнува добриот дизајн.

Декорама — ентериери и мебел по мерка, во ваши бои.

#Декорама #Ентериер #ИнтериорДизајн #МебелПоМерка #БојаВоЕнтериер

"90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОВАН ПЕТРОВ"Свечено отварање на изложбата на Јован Петров и промоција на каталогот ќе биде де...
20/08/2026

"90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОВАН ПЕТРОВ"
Свечено отварање на изложбата на Јован Петров и промоција на каталогот ќе биде денес, 20.08.2026 во 20:00 часот.

Повеќе на

90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОВАН ПЕТРОВ admin1 август 18th, 2026       Ве известуваме дека јубилејната изложба под наслов „90 години од раѓањето на Јован Петров“, посветена на ...

Ако се решите за реновирање на бања- вградена ниша во туш-зоната е многу подобро решение од надворешна полица, особено в...
17/08/2026

Ако се решите за реновирање на бања
- вградена ниша во туш-зоната е многу подобро решение од надворешна полица, особено визуелно. Аргументи за:
* Не зафаќа простор – шампоните и козметиката се сместени во рамнината на ѕидот.
* Помалку визуелен неред – производите имаат свое место и бањата изгледа почисто.
* Полесно одржување – нема дополнителни носачи и полици околу кои се собираат вода и нечистотија.
* Се планира со плочките – нишата може да стане дел од архитектурата на бањата, наместо додаден елемент.
* Може да биде и дизајнерски акцент – со контрастна плочка, различна текстура

Истражуваме различни начини како да внесеме повеќе карактер во просторот — а тапетите се еден од најлесните.Ботанички мо...
15/08/2026

Истражуваме различни начини како да внесеме повеќе карактер во просторот — а тапетите се еден од најлесните.
Ботанички мотив може да го направи просторот потопол.
Геометриски форми носат ритам.
Апстрактен дизајн може да стане фокусна точка на целиот ентериер.
Во оваа селекција од DAGG си поигравме со четири сосема различни расположенија:
GUL – топла жолта со ботанички мотиви
ENKVART – геометриски облици во корал, сина и неутрални нијанси
RODBRUN – елегантен и смирен мотив со птици
BALKONG – апстрактна композиција со органски форми
Различни стилови, иста идеја:
понекогаш еден ѕид е доволен да го смени целиот простор.
Ако размислувате да внесете повеќе карактер во вашиот дом, со задоволство ќе ви помогнеме да го најдете вистинскиот. Пишете ни [email protected].

#Тапети #Ентериер

Пијалоците секогаш при рака.Еве едно мало решение за кујната за кое можеби не сте размислувале.Просторот под горните куј...
15/08/2026

Пијалоците секогаш при рака.

Еве едно мало решение за кујната за кое можеби не сте размислувале.

Просторот под горните кујнски елементи може да се искористи и за поставување држач за шишиња. Не мора да биде само за вино — може да биде за вода, сокови или други пијалоци што сакате да ви бидат при рака.

Не зазема простор во шкафовите, не ја окупира работната површина, а може да се постави дискретно под елементот.

Понекогаш функционалноста во кујната е скриена токму во просторите што најчесто не ги забележуваме.

#КујнскиДизајн #Кујна #ИдеиЗаДомот

ПОЛИЦА ИЛИ ФИОКА? 👟На прв поглед, разликата е само во начинот на кој ги чуваме чевлите. Но, има една важна работа: ценат...
14/08/2026

ПОЛИЦА ИЛИ ФИОКА? 👟

На прв поглед, разликата е само во начинот на кој ги чуваме чевлите. Но, има една важна работа: цената.

Кај класичната полица плаќате полица.
Кај полицата со механизам за извлекување, покрај полицата, го плаќате и механизмот што овозможува целата полица да се извлече нанапред.

Затоа ова решение е поскапо.

Но, кога плакарот е подлабок или поширок, ситуацијата се менува.

Наместо еден ред чевли и неискористен простор зад нив, со извлекување можете да организирате два реда – патики, кондури, чизми или што и да чувате.

И најважно:
го извлекувате целиот ред и веднаш гледате што има позади.

Плус: подобра прегледност, полесен пристап и подобро искористен длабок простор.
Минус: механизмот ја зголемува цената.

Значи, не секогаш ви треба фиока.

Но, ако имате длабок плакар и сакате да го искористите секој сантиметар – тогаш механизмот може да биде многу попаметна инвестиција од уште една обична полица.

Ако го планирате плакарот, размислете прво како ќе го користите, па потоа што ќе ставите во него.

#Ентериер #ДизајнНаЕнтериер #ПлакариПоМерка #ПаметенДизајн #Организација #Гардеробер #МебелПоМерка

---

Кафе барови што не изгледаат како сите други —  #01📍 Café dof, СеулНе мора кафе барот да биде скап за да биде интересен....
14/08/2026

Кафе барови што не изгледаат како сите други — #01

📍 Café dof, Сеул

Не мора кафе барот да биде скап за да биде интересен.

Овој простор во Euljiro го зема карактерот на маалото - металната индустрија, работилниците, суровите материјали и го претвора во ентериер.

Без непотребно „украсување“.

Само добра идеја, материјали со карактер и јасен концепт.

Понекогаш најдобриот ентериер е оној што знае од каде потекнува.

И тоа е нешто што може да се примени и во Скопје.

Секој прави неред. И тоа е во ред. 🥞Брашно на пултот. Тесто на плочата. Неколку садови повеќе од планираното.Затоа добра...
13/08/2026

Секој прави неред. И тоа е во ред. 🥞

Брашно на пултот. Тесто на плочата. Неколку садови повеќе од планираното.

Затоа добрата кујна не е дизајнирана само да изгледа убаво кога е совршено средена.
Туку да функционира кога во неа навистина се живее.

Добар распоред.
Паметно искористен простор.
Материјали што лесно се одржуваат.
И доволно место за уште една палачинка. 😉

Кујна дизајнирана за живот.

#КујнаПоМерка #КујнаДизајниранаЗаЖивот #ДизајнНаЕнтериер #Кујна #Скопје

🇮🇹 Освалдо Борсани — мебелот 100 години пред своето време.Замислете да гледате парче мебел од 1950-тите, а првата реакци...
11/08/2026

🇮🇹 Освалдо Борсани — мебелот 100 години пред своето време.

Замислете да гледате парче мебел од 1950-тите, а првата реакција да ви биде:

„Ова изгледа модерно и денес.“ Тоа е Борсани.

Архитект по образование, дизајнер по инстинкт и еден од оние луѓе што не дизајнирале мебел само за да биде убав — туку за да биде паметен.

Неговиот Tecno P40 и D70 од 1955 година изгледа како да е дизајниран за денешен луксузен ентериер.

Ѕверски парчиња.

И токму тука е поентата: Добриот дизајн не старее.

Само станува сè појасно колку бил напред своето време.

Пред да проектираме кујна, не прашуваме само:„Која боја ја сакате?“ или „Каков материјал ви се допаѓа?“Прво прашуваме:Ко...
11/08/2026

Пред да проектираме кујна, не прашуваме само:

„Која боја ја сакате?“ или „Каков материјал ви се допаѓа?“

Прво прашуваме:

Кој готви?
Колку често?
Каде се оставаат апаратите?
Што ве нервира во сегашната кујна? Што ви се допаѓа?
Што секогаш ви недостига?

Затоа добриот дизајн не е: „Што ви се допаѓа?“

Туку: „Што ви треба за подобро да живеете?“

Address

Rugjer Boskovik Skopje
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 14:00
Saturday 10:00 - 13:00

Telephone

+38978230655

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Dekorama posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Dekorama:

Shortcuts

Share