Pleteni kuklicki- Плетени куклички

Pleteni kuklicki- Плетени куклички unikatni racno izraboteni kuklicki,igracki od pamucen konec vo tehnika-amigurumi

Уникатни, рачно изработени, персонализирани кукли од памучен конец, во техника - амигуруми. Плетените куклички ги изработувам исклучиво по порачка и по договор во врска со се' поврзано со нив, односно вие или вашето дете може да учествувате во креирањето на куклата со избор на бои, модели на гардероба и сл. Постои можност и за изработка на кукла што би наликувала на детенцето, во бојата на коса, о

чи и гардеробата, колку што е изводливо тоа со конец и игла, таквите куклички се twin dolls.
Плетените куклички се целосно рачно изработени од памучен конец и антибактериски полнеж, во изработката по потреба користам - филц, тул, чипка, бисери, монистри и сл. По желба во изработката може да се изостават сите пластични додатоци како би била погодна и за помали дечиња. Изработката на куклите е во домашна непушачка средина ослободена од домашни миленици. Одлуката за тоа дали куклите се погодни за детето е исклучиво на родителот.

Бебенце плетено по слика 🥰Овој преубав дотеран дечко одамна го изработив и испратив но не стигнав да го објавам. Отпатув...
31/05/2026

Бебенце плетено по слика 🥰
Овој преубав дотеран дечко одамна го изработив и испратив но не стигнав да го објавам. Отпатува во Битола а беше порачан како подарок за крштевка па јас еве и јавно ќе посакам најубави желби и среќно крштевање ❤️
Благодарам Александар на довербата и соработката, посакувам сите три мои изработки да им донесат радост и љубов на оние за кои се наменети ❤️

Twin doll ❤️✔️ Колекционерска кукла плетена по слика✔️ Создадена со многу љубов и внимание со намера да зачува еден посе...
30/05/2026

Twin doll ❤️
✔️ Колекционерска кукла плетена по слика
✔️ Создадена со многу љубов и внимание со намера да зачува еден посебен момент од животот 🥰
✔️ Благодарам на довербата ❤️

Калина 🥰Кукличка плетена по слика која пред некој месец беше порачана како роденденско изненадување за ова преубаво дево...
18/05/2026

Калина 🥰
Кукличка плетена по слика која пред некој месец беше порачана како роденденско изненадување за ова преубаво девојченце 🥰❤️
Беа порачани две куклички, првата ја објавив а оваа требаше да почека да дојде роденденот 😊
Среќен роденден убаво, насмеано девојченце, посакувам куклата да ти донесе многу радост и насмевки ❤️
Вам Александра Ви благодарам на довербата и соработката ❤️

Тоше 🎵🎵Ова е колекционерска кукла изработена за еден голем фан на нашиот ангел Тоше 🤍🎵Се потрудив да ја доловам харизмат...
15/05/2026

Тоше 🎵

🎵Ова е колекционерска кукла изработена за еден голем фан на нашиот ангел Тоше 🤍
🎵Се потрудив да ја доловам харизмата и љубовта кои зрачеа од Тоше исто како и во претходните две изработки 🤍 . Но, секој што работи рачна работа знае дека никогаш не може да се изработат две идентични изработки, во тоа е и убавината на рачната работа, секое парче е уникат и приказна за себе 🙂
🎵Веќе го испратив во Битола, посакувам да однесе радост во новиот дом
🎵Александар, благодарам на довербата 🤍

Кукла плетена по слика 🥰Порачана е како подарок- изненадување за госпоѓата од сликата и плетена е со намера да наликува ...
04/05/2026

Кукла плетена по слика 🥰
Порачана е како подарок- изненадување за госпоѓата од сликата и плетена е со намера да наликува во облеката, косата, очите.. Веќе е подарена па добив дозвола да ја објавам.
Светлана благодарам на довербата❤️ посакувам среќни пензионерски денови🍀

🐶 Кученце од расата јазовичар ❤️✔️Плетено со кадифен и бушав конец за еден роденденко кој многу ја сака баш оваа раса на...
30/04/2026

🐶 Кученце од расата јазовичар ❤️

✔️Плетено со кадифен и бушав конец за еден роденденко кој многу ја сака баш оваа раса на кучиња 🥰
✔️Се радувам што успеав во рекорден рок да најдам конци и време и да помогнам во создавањето на совршен роденденски подарок 🥰
✔️Среќен роденден убаво детенце 💙
✔️Биљана, благодарам на довербата ❤️

Др. Ирена 👩‍⚕️Мојата докторка по ортодонција ❤️Благодарам за посветеноста изминативе пет години 🥰❤️
27/04/2026

Др. Ирена 👩‍⚕️
Мојата докторка по ортодонција ❤️
Благодарам за посветеноста изминативе пет години 🥰❤️

DustinStranger things 😁Сега засега го направив само Дастин, во облеката од сезона 3 , тие што ја гледале серијата ќе заб...
22/04/2026

Dustin
Stranger things 😁
Сега засега го направив само Дастин, во облеката од сезона 3 , тие што ја гледале серијата ќе забележат 😉
Висок е околку 15см и е колекционерско кукличе наменето за фанови ❤️
Можно е и да ги има сите ликови во колекцијата - Eleven, Mike, Will, Lucas, Max, Steve... во иста или помала верзија 😉

Честит празник ❤️За многу години Велигден ❤️
12/04/2026

Честит празник ❤️
За многу години Велигден ❤️

Девојченце 🥰❤️✔️Плетено е по слики со намера да ниликува во ликот, косата, очите и облеката но немам дозвола да го објав...
03/04/2026

Девојченце 🥰❤️

✔️Плетено е по слики со намера да ниликува во ликот, косата, очите и облеката но немам дозвола да го објавам ликот од девојчето 😐. Сепак верувајте ми на збор дека навистина се потрудив и навистина наликуваат посебно во насмевката и раздвоените запчиња 😁
✔️Висока е 35см, плетена со памучни конци и дел од облеката е боена со бои за текстил.
✔️Беше порачана за роденден, веќе е подарена и јас јавно го честитам роденденот на малечката роденденка и посакувам куклата да и' стане најдобра другарка ❤️

Марија, благодарам на довербата ❤️

Address

Лисиче
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Pleteni kuklicki- Плетени куклички posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share