Gotvenite jadenja na mama

Gotvenite jadenja na mama Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Gotvenite jadenja na mama, Kitchen/Cooking, Skopje.
(1)

🇲🇰Македонски традиционални јадења
👩‍🍳Малите тајни на нашите мајки и баби
♨️брзи лесни нови и интернационални јадења
Се на едно место , преку едноставни видеа со детален опис и рецепт 👌

20/03/2026

Знаеше ли дека секоја недела во Мош има бранч - all you can eat за 799 ден ?
Тоа значи јадеш што сакаш и колку сакаш и тоа храна во изобилие 🙌
Ако сеуште не си пробал ,мораш да пробаш , храната е врв 👌
Со кој би одел ? Прати на пријател со кој би одел или тагни го во коментар 👆
Веќе знаеме , во недела не се готви во недела сите сме во Мош ❤️

📞Тел / 072 90 20 90

12/03/2026

🍎 Посна лења пита со јаболка – мирисна, сочна и совршена за секоја пригода.
Едноставен рецепт што секогаш успева и ја полни кујната со прекрасен мирис на цимет и јаболка.
Рецептот е од мојата свекрва а толку е лесна за подготовка што овојпат ја подготви мојата поголема ќерка ❤️
✨ Потребни состојки
Тесто:
• 800 г брашно
• 250 мл зејтин
• 250 мл кисела вода
• 5 лажици шеќер
• 1 прашок за печиво
• 1 ванила
Фил:
• 800 г рендани јаболки
• 400 г шеќер
• 2 лажички цимет
• 1 кафена лажичка каранфилче
• шеќер во прав за поросување
👩‍🍳 Подготовка
1️⃣ Измешајте го шеќерот со зејтинот, па додајте кисела вода и ванила.
2️⃣ Додајте брашно и прашок за печиво и замесете тесто. Оставете да одмори 10–15 минути и поделете го на два дела.
3️⃣ Јаболките кратко пропржете ги на тивок оган додека пуштат сок.
4️⃣ Додајте цимет и каранфилче. Кога ќе се изладат, додајте го шеќерот.
5️⃣ Расукајте кора, ставете ја во плех со хартија за печење.
6️⃣ Ставете го филот, па покријте со втората кора.
7️⃣ Боцнете со вилушка и печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.
8️⃣ Кога ќе се излади, посипете со шеќер во прав.
💛 Мирис што потсетува на дом.

Овој рецепт како и многу други можете да ги најдете во посниот прирачик 🤎
Линкот е на профил 😊

03/03/2026

Посна проја денес кај нас , а после готвењето… знаете како изгледа реалноста 😅Готвењето е љубов, ама нередот е неизбежен 😉 Среќа моја што го имам Rovus nano чистачот на пареа , лесно и брзо го доведувам домот во ред . Дали после готвење или на генерално чистење секогаш ми помага на брз и лесен начин да се ослободам од нечистотојата .
Без кофи ,џогери и хемикалии само моќна пареа што чисти полира и дезинфицира во исто време 🙌
Сега имате можност да го нарачате со дополнителен попуст со мојот код - MARINA10
📌А сега рецепт за проја👇
• 1 чаша палента
• 2 чаши пченкарно брашно
• 1 и пол шолја кисела вода
• 1 шолја обична вода
• 1 мала лажичка сол
• 50 мл масло
• 1 лажичка прашок за печиво
фил по желба.
Јас ставив спанаќ, но може и праз, кисела зелка или што ви душа сака 🤍
Измешајте, ставете во тава за печење одозгора наросете сусам и печете.
Печете додека добие убава златна боја и уживајте!
Јас знаете дека печам во мултикукер , па така и овојпат . Печев на програм P13

24/02/2026

🎁СТОП ✋🍣
Имам предизвик + ПОДАРОК за вас! 🎉
Тројца од вас што ќе погодат (или ќе бидат најблиску до точниот одговор) добиваат ВАУЧЕРИ за ДВАЈЦА за sushi brunch во Mosh 🍣🔥
Што треба да направиш?
✔️Заследи ги профилите од овој reel
✔️ Напиши го твојот одговор, што мислиш колку тежи sushi brunch-от во Мош
✔️ Тагирај пријатели (неограничено 👀)
Сите знаете за легендарниот brunch во Mosh – секој четврток ALL YOU CAN EAT за 899 денари 🤯
А сега имаш можност да го посетиш со личноста што ти ја сакаш…
Тагирај ја 👇🍣

22/02/2026

Започнувa Велигденски пост – време на смирување, молитва и прочистување, и духовно и телесно.
За духовниот дел – повеќе молитва, воздржување од лоши мисли, зборови и дела.
За телесниот дел – организирана и разновидна посна исхрана.
Во мојот прирачник ќе најдете:
✔️ 4 недели комплетно мени
✔️ Појадок, ручек и вечера за секој ден
✔️ Традиционални и домашни рецепти
✔️ Една дополнителна недела рецепти на вода
✔️бонус 15 посни благи рецепти
✔️ Јадења прилагодени на нашиот вкус , трпеза и традиција.
Да постиме организирано, без секојдневната дилема „што да готвам денес?“ 🤍
🔥 Само уште денес по промотивна цена.
Линкот за нарачка е во опис на профилот ❤️

✨ Ви подарувам еден ден од нашиот нов посен прирачник!Ден со:🥣 Појадок🍲 Ручек🥗 Вечера🍰 И еден преубав посен десертЕден д...
20/02/2026

✨ Ви подарувам еден ден од нашиот нов посен прирачник!
Ден со:
🥣 Појадок
🍲 Ручек
🥗 Вечера
🍰 И еден преубав посен десерт
Еден ден без дилеми.
Без прашањето „што да готвам денес?“
Со убаво организиран појадок, вкусен ручек, лесна вечера и едно посно благо кое ја заокружува трпезата ✨
Ова е само еден пример…
Во новиот посен прирачник ве очекуваат уште многу вакви комбинации – разновидни, вкусни и лесни за подготовка.
Ако сакате да постите, а да имате идеи за секој ден – ова е за вас 🤍
Погледнете како изгледа и кажете ми во коментар дали би го готвеле овој ден 👇✨
🌿Линкот за нарачка е во опис на профилот.

Сакаш да постиш… ама не знаеш што да готвиш и како да се организираш?Се плашиш дека секој ден ќе завршиш на леб и ајвар?...
19/02/2026

Сакаш да постиш… ама не знаеш што да готвиш и како да се организираш?
Се плашиш дека секој ден ќе завршиш на леб и ајвар?
Овојпат нема да биде така ❤️
За тебе подготвив комплетно 4-неделно мени со
✔ Појадок
✔ Ручек
✔ Вечера
✔ Ново и разновидно мени за секоја недела
✔ Прилагодено во нашиот дух и традиција
Со детален опис и рецепти за секое јадење – чекор по чекор.
✨ Дополнително добиваш:
Правила за постот и воздржување, духовен водич и совети .
Бонус: рецепти на вода (без масло) за цела недела
Бонус: 15 благи посни рецепти
Започни го постот сигурно, организирано и без стрес 🙏
Се ова по промотивна цена од 400 ден 🙌
Линкот е во опис на профилот. 🤍

11/02/2026

🍊 Orange Cake или колач од портокали ✨️
Денес патуваме во Италија 🇮🇹
Мирисот на Сицилија и Тоскана —
право во твојот дом 🍊✨

📝 Состојки:
1 цел портокал (измиен)
3 јајца
200 г шеќер
90 мл масло
60 мл млеко
2 лажички ванила екстракт
250 г брашно
1 прашок за печиво

Во блендер ставете: портокал (со кора ), јајца, шеќер, масло, млеко и ванила.
Блендирајте додека смесата стане мазна.
Додадете брашно, прашок за печиво и нежно измешајте
Ставете хартија за печење во мултикукерот на Делимано,
премачкајте ги страните
и истурете ја смесата во садот.

Печете на програм P13
( Можете да печете и во обично тавче во рерна на 220 степени ,45 минути )

Извадете и ставете шеќер во прав
Мек, сочен, полн со арома од портокал
и совршен за секој ден кога ти треба брзо лесно и слатко задоволство 🤍

Со Делимано мултикукер —
секој рецепт е патување.
Вкуси го светот 🌍🍊
Пробај направи го овој брз и едноставен колач и те чекам во коментар да ми кажеш дали ти се допадна 🙌
Стави ❤️ ако ти се допадна ова видео и не заборавај да споделиш со пријател 😊

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Gotvenite jadenja na mama posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share